Секторот за внатрешни работи Тетово започна со практична реализација на превентивниот проект „Голомразицата и снегот-предизвик за возачите и пешаците“, кој се планира да трае до 15-ти март идната година.
Во рамките на проектот, чиј носител е Отсекот за превенција во соработка со Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово и Полициската станица Гостивар, предвидени се повеќе контролни активности, кои приоритетно ќе се однесуваат на на пешаците како учесници во сообраќајот во зимски услови и на брзината со која се движат возилата, пред се низ градсите улици.
Со проектот, исто така, се предвидува и дистрибуција на неколку стотини наменски изработени флаери и плакати, со корисни совети за возачите и пешаците, што и како да прават и направат за нивна поголема безбедност во зимскиот период.Флаерите ќе се делат на повеќе пунктови и на наплатните станици.
На возачите и пешаците-прекршители, според планираното во овој превентивен проект, ќе им бидат изрекувани опомени, а доколку станува збор за посериозни прекршоци ќе им се изготвуваат соодветни поднесоци.
