Светската здравствена организација (СЗО) следи 2.200 здравствени установи во 34 провинции во Авганистан, кои имаат резерви за само неколку дена. Аеродромот во главниот град Кабул не е безбеден за нивна испорака по терористичките напади таму, изјави претставник на СЗО.
На прес-конференција на ОН, д-р Рик Бренан, регионален директор на СЗО за Источен Медитеран, рече дека можеби ќе треба да започне пристигнувањето медицински материјали на меѓународниот аеродром Мазар-и-Шариф во северен Авганистан.
На истата прес -конференција, портпаролот на Канцеларијата на ОН за човекови права, Руперт Колвил, го осуди терористичкиот напад околу аеродромот, во кој загинаа најмалку 110 луѓе, јави Анадолската агенција.