Светската здравствена организација предупреди дека новата верзија на коронавирусот може да предизвика зголемување на инфекциите ширум светот. Според организацијата, Омикрон може да предизвика сериозни последици во некои региони.
Нејзиниот генерален директор повика на глобални напори за обезбедување вакцини за посиромашните земји.
Новата варијанта беше забележана во Јужна Африка претходно овој месец, при што првичните извештаи сугерираат дека е позаразна.
Omicron е веќе регистриран во голем број земји, вклучувајќи ги Канада, Обединетото Кралство, Португалија, Белгија и Холандија. Јапонија и Израел ги затворија своите граници за странци поради новата закана.