Таа е новата крунисана Мис на светот: Најубавата на планетата доаѓа од Полска, а ова е нејзиниот сон!

Каролина Бjелавска од Полска победи на 70. издание на изборот за Мис на светот. Прва придружничка Мис на Северна и Јужна Америка, Шри Саини, оф САД, а втора придружничка  е Мис Африка, Оливија Јејс, од Брегот на Слоновата Коска. „Мис на светот 2021“ се одржа во Музичката сала „Кока-кола“ во Сан Хуан, Порторико. Натпреварот бил првично закажан за крајот на 2020 година, но одложен поради корона-пандемијата – затоа беше одржан дури вчера. „Кога го слушнав моето име бев шокирана, сè уште не можам да верувам. Чест ми е да ја носам круната за Мис на светот и едвај чекам да почнам да работам. Ќе го паметам ова како неверојатно поглавје во Порторико за остатокот од мојот живот“, рече таа. Тони-Ен Синг од Јамајка ја круниса Каролина Бјелавска како нејзина наследничка. Во однос на континенталните победнички, Мис Европа е Ана Лич од Северна Ирска, Мис на Азија и Океанија е Карла Јулес, а Мис Кариби е Порториканката Арјам Дијаз.