Балкан

ТАГА! Почина детето кое падна од седми кат во Белград

ТАГА! Почина детето кое падна од седми кат во Белград

Тригодишното момче кое денеска падна од седми кат на аголот од улиците „Кнез Данилова“ и „Станоје Главаш“ во Белград им подлегнало на тешките повреди.

Ова го соопшти сосетката Тамара Никезиќ која по несреќата со такси ја однела мајката во Ургентниот центар.

Како што рекла, тажната вест и ја соопштил дедото на момчето кога се јавила да се распраша за неговата состојба.

Српски Блиц“ потоа доби и официјална потврда за трагичната вест.

Од полицијата истакнале дека водат истрага по налог на Обвинителството и тоа е се што може да ни кажат во моментов.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни