Во живо Вонредно Ноќно студио 20:00 „Кризата со Алта Банка“ Гледај
Свет

Тајван подигна борбени авиони, активираше ракетни системи, морнарицата е во состојба на готовност

Тајван подигна борбени авиони, активираше ракетни системи, морнарицата е во состојба на готовност

Тајван ги подигна борбени авиони, ја стави својата морнарица во состојба на готовност и ги активираше ракетните системи како одговор на операциите на 34 кинески воени авиони и девет воени бродови кои се „дел од стратегијата на Пекинг да ја вознемири и заплаши самоуправната островска демократија“, пишува АП.

Големото распоредување на Кина доаѓа додека Пекинг ги засилува подготовките за потенцијална блокада или воена акција против Тајван, предизвикувајќи загриженост кај воените лидери, дипломатите и избраните функционери во САД, клучниот сојузник на Тајван.

Во меморандум минатиот месец, генералот на американските воздухопловни сили Мајк Минихан им наложи на офицерите да бидат подготвени за американско-кинескиот конфликт околу Тајван во 2025 година.

Тајванското Министерство за одбрана соопшти дека 20 кинески авиони вчера ја преминале централната линија во Тајванскиот теснец, кој долго време е неофицијална тампон зона меѓу страните што се поделија за време на граѓанската војна во 1949 година. Кина тврди дека островската република е нејзина територија, која би можела да ја заземе со сила доколку е потребно, додека огромното мнозинство Тајванци се противат на тоа да се стави под контрола на кинеската авторитарна Комунистичка партија.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни