Таксист остана без возачка дозвола поради пица

Една млада двојка од германскиот град Менхенгладбах, во саботата рано наутро, после ноќното излегување, си купиле пици со лук, но кога одлучиле да си одат кон нивниот дом, таксистот одбил да ги прими поради силниот мирис.

Сепак, тој се предомислил и се согласил да ги однесе. По кусо возење го запрел автомобилот и им кажал да излезат со пиците, бидејќи му пречел силниот мирис.

Избувнала караница, а истата наводно, резултирана со насилство како турканици и шлаканици, објави полицијата.

Кога 49-годишниот таксист сакал да си замине, девојката застанала пред автомобилот, по што таксистот ја соборил на патот и побегнал со возилото.

Полицијата набрзо го пронашла возачот и му ја одзела возачката дозвола, а тој сега е под истрага за предизвикување сообраќајна опасност.