По 7 години брак пејачката Тамара Тодевска се разведува од својот сопруг Александар, во јавноста познат под прекарот Мачка.
Тамара и Мачка имаат две деца, синот Дарен и ќерката Хана.
Пејачката веста за разделбата од Александар ја потврди за „Репортер“.
„Да, вистина е дека се разделуваме со Мачка, но ние и понатаму ќе продолжиме да контактираме редовно. Ние имаме две деца и секако дека тие ќе можат да растат и да го поминуваат времето со својот татко. За мене најважни се децата и моја желба е тие да останат заштитени.
Ги разбирам медиумите дека сакаат да ја објават веста, но сега ми се најважни децата кои треба да останат настрана од оваа приказна. И Хана и Дарен одат на училиште, веќе не се мали, па затоа со Мачка имаме одговорност да ги заштитиме“, открила Тамара за Репортер.
Последната споделена фотографија од Александар и Тамара беше од нивната годишнина од брак.
