Тања го победи ракот на дојката – денеска немаше да биде жива да не беше необичното однесување на нејзиниот миленик

Кога Тања Хиберд (50) се вратила од одмор на Кипар, забележала дека нејзината хаска Сафир е повеќе приврзана за неа од вообичаено. Четири недели не се одвојуваше од неа, а при галењето секогаш ја ставаше главата на истото место на нејзиното тело и со шепата ја удираше по градите.

Тања, која тогаш имала 46 години, решила да направи самостоен преглед на градите кога почувствувала грутка. Набрзо и бил дијагностициран тројно негативен рак на дојка, а потоа била подложена на исцрпувачка хемотерапија, операција и зрачење, пишува „Liverpool Eco“.

Иако Тања претходно се грижела за своето здравје и не ги избегнувала самопрегледите, се испоставило дека Сафир, која сега има шест години, и го спасила животот бидејќи, како што претпоставува, до појавата на првите симптоми можеби и доцни на лекување.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tanya Hibberd (@dizzydiva134)


„Кучето ми го спаси животот. Бев на одмор на Кипар и секој месец се прегледував како што обично правам, меѓутоа ништо не забележав. Кога се вратив почнав да се чувствувам поуморна од вообичаено. Сафир кој инаку е осамено куче, кое не сака друштво, секоја вечер седеше до мене и ја ставаше главата на мојата десна града, што беше навистина чудно. Таа го правеше тоа цели четири недели, а јас мислев дека повеќе се грижи од вообичаено“ се сеќава Тања.

Отпрвин мислела зошто отсуствувала две недели, но потоа епизодите на гушкање станале почести и подолги, додека еден ден Сафир не почнала упорно да ја турка шепата до местото каде што, како што подоцна ќе се испостави, била грутката.

“Се прегледав и почувствував нешто на тоа место, но мислев дека е циста. Сепак, докторот рече поинаку. Поминав низ 12 циклуси на агресивна хемотерапија. Грутката после четвртиот или петтиот значително се намали и во тој момент прекината ми беше хемотерапијата која често ми правеше да се чувствувам лошо, но Сафир цело време лежеше до мене, дури и под покривката, што знаеме дека хаскиите не ги сакаат многу. Сега таа е многу заштитничка кон мене. на прошетка таа почнува да лае ако луѓето премногу ми се приближуваат“, вели Тања.

Таа додава дека Сафир и го спасила животот, верувајќи дека нејзиното куче всушност го помирисало проблемот пред воопшто да ја забележи грутката.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tanya Hibberd (@dizzydiva134)

„На сите им кажуваме како помирисала рак. Можеби и самата го почувствував местото порано, но не најдов ништо, следниот преглед би го направила за неколку недели, но со оглед на видот на ракот што го имав, можеби ќе беше предоцна за да се лекува“, објаснува таа.

Тања исто така истакнува дека Сафир е многу „специјално куче“.

“Навистина е чудно што таа воопшто е со нас, бидејќи едно саботно утро се разбудив и само решив дека сакам куче. Никогаш порано во животот не сум имала куче. Ја најдовме во азил и таа всушност ме избра мене. Не се одвојуваше од мене, од кога ме виде“, вели Тања.