Таравари ги менува директорите во училиштата

Од почетокот на второто полугодие во сите средни и основни училишта во Гостивар ќе се менуваат раководните позиции.

Од службата за информирање во општина Гостивар потврдија дека од градоначалникот Арбен Таравари, решенија за назначување добиле новите директори на дванаесет основни училишта.

– Процедурата за назначување на нови раководства е при крај, а очекуваме да заврши и смената на помошниците директори. За смената во основните училишта го информираваме и ресорното министерство од каде добивме позитивно мислење. Истото го очекуваме и за постапката за назначување на дирекотри во средните училишта, наведуваат од инфо службата на општина Гостивар.

Во основното училиште „Единство“ за в.д директор е поставен Зијадин Нуредини, на местото на Мерсел Садику, додека во средното техничко училиште в.д директор е Садудин Садики, кој го замени Ибраим Асани. Разрешени се и директорите на ОУ „Гоце Делчев“, Игор Радески и средното економско училиште, Тони Ефремовски. Во овие училишта на раководните места се вратени претходните кадри, Сашо Шарески и Јованка Огњаноска. Во гимназијата на местото на Џези Камбери, поставен е Мирсад Исеини.

Извор: ТВ21