Генералниот секретар на Алијанса за Албанците Арбен Таравари се огласи на својот ФБ профил откако Кривичниот суд потврди дека Никола Војминовски, осуден за обид за убиство на Зијадин Села е во бегство.
-На крај, по се изгледа само Фета Халими ќе биде крив за сите случувања на 27 април. Таварари мисли на полицаецот Фета Хлими, кој бил дел од обезбедувањето на Собранието вечерта на 27 април, а против кого исто така се води судски случај. Тој беше обвинет за непостапување во службена должност. Фета Халими е дел од лицата кои поднесоа барање за амнестија по усвојувањето на законот од страна на пратениците.

