Македонија

Таравари открива детали: Без Левица имавме мнозинство и Владата требаше да падне…

Генералниот секретар на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 открива детали околку новото парламентарно мнозинство кое беше најавувано од страна на опозицијата, како и можноста за паѓање на Владата.

„Тој ден, во четвртокот имавме 61 пратеник без Левица. Ова ви го гарантирам. Имаше уште двајца пратеници кои не можам да ги кажам со имиња. Ден пред тоа Кастриот Реџепи ми рече „Што побргу да падне оваа влада“. Што се случи во четвртокот видовме сите. Не овозможија да има дебата, па после гласање. Да дозволеа да има гласање сигурно ќе паднеше владата дури и без Кастриот“, вели Арбен Таравари од АА.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни