Македонија

Таравари: Услов за ново мнозинство е почитување на Преспанскиот договор, Мицкоски нема проблем со тоа

Новоизбраниот градоначалник на Гостивар, Арбен Таравари, гостува вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 каде разговаравме и за можно ново мнозинство.

Според Таравари, условот за ново мнозинство е почитувањето на Преспанскиот договор, а како што вели, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски нема проблем со тоа.

„Имаме наши услови. Сме разговарале со Мицкоски. Мицкоски нема забелешки за тоа. Преспанскиот договор мора да се почитува. Наш главен услов е интеграција на Македонија во ЕУ, и Преспанскиот договор секако“, порача Таравари.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни