Татко бара помош за синот, 12 годишниот Арлинд треба да се лекува во странство

„Многу ми е тешко, не знам како да кажам, помислив дека некој може да ми помогне за синот. Јас работам, но не можам да ги обезбедам потребните средства, затоа тешко ми падна“, изјави Африм Сефедини, татко.

12 годишниот Арлинд не е развиен како неговите врсници. Тој е роден со болеста на Спида Брифида, поради која е неподвижен. Таткото на Арлинд, работи во градежништво. Тој вели дека се труди да обезбеди пари за храна и кирија, но не може да собере 50 илјади евра кои се потребни за лекувањето на Арлинд.

Се вчитува...

„Синот е болен од Спида Бифида, рбетот му беше отворен, по одредено време му се затвори, сега треба да се оперира. Операцијата треба да се изврши во Турција или Германија. За болеста на детето се потребни три операции, а тоа може да се направи само во Германија. Операцијата на синот чини 50 илјади евра“, додаде Африм Сефедини.

Мајката Тереза вели дека и е тешко да го разбере малиот Арлинд бидејќи тој не може да зборува.

„За мене како мајка е многу тешко, болно дете има многу работа, морам да се грижам за секое дете, се обидувам да сфатам се што бара, многу е тешко. Некогаш јадат подобро, некогаш помалку, не можат да се хранат нормално. Мојата најголема желба е да го видам Арлинд на нозе“, изјави Тереза Сефедини, мајка.

Ова семејство зема 4 илјади денари месечно социјална помош. Тие живеат под кирија. Арлинд се надева дека хуманите луѓе ќе му помогнат да се оперира надвор од земјата и дека и тој еден ден ќе може да ги искаже неговите детски желби.

Репортер: Африм Јонузи

Извор: ТВ21