Татко ја убил ќерка си во Австрија, а потоа извршил самоубиство

Во австрискиот град Велс, 51-годишен маж ја убил својата 19-годишна ќерка, а потоа извршил самоубиство, при што злосторството останало неоткриено со недели. Семејната трагедија излегла на виделина дури откако нивните тела биле пронајдени во одвоени станови, пишува австриски „Хојте“.

Телата пронајдени по неколку недели

Таткото и ќерката, двајцата со унгарско потекло, се воделе како исчезнати, а биле пронајдени три дена по пријавувањето на нивното исчезнување во полиција.

Полицијата најпрво во станот на 19-годишната во градската населба Вимпасинг го пронашла нејзиното голо тело, кое веќе било во напредна фаза на распаѓање. На телото не биле забележани надворешни повреди. Набргу потоа, и таткото бил пронајден мртов во својот стан, оддалечен околу десет минути пешачење, а состојбата на телото била слична.

Се сомнева на гушење

Криминалистичката полиција претпоставува дека таткото ја убил својата ќерка пред неколку недели, најверојатно со гушење. Се верува дека веднаш потоа си го одзел животот. Проштално писмо не било пронајдено, па нема сигурни сознанија за мотивот. Сепак, истражителите се сомневаат дека можна улога би можеле да имаат болест или инвалидитет на ќерката.

Случајот затворен, мотивот останува непознат

Злосторството било откриено на 26 јануари, а полицијата сега го смета случајот за расчистен. Доказите собрани на местата на настанот, како и обдукцијата, ја исклучиле можноста за вмешаност на трети лица.