Таткото на Ријана по веста дека неговата ќерка е бремена: Ќе биде добра мајка

Риналд Фенти, таткото на Ријана, се огласи откако пејачката потврди дека чека дете.

Роналд истакна дека е многу среќен со оваа вест, и дека едвај чека да стане дедо.

„Среќен сум. Скокнав од радост. Ријана отсекогаш велеше дека посакува деца, дека сака деца. Таа секогаш се грижи за децата на нејзините братучеди. Ќе биде добра мајка“, изјави тој за Six.

Роналд го запознал момчето на својата ќерка во декември 2020 година, кога пејачката го донела на нејзиниот роден остров. Роналд тогаш го нарече Роки „многу кул човек“.

Инаку, Ријана и нејзиниот татко со години имале проблематична врска. Минатиот јуни, пејачката се откажа од тужбата што ја поднесе против нејзиниот татко.

Таа го обвини дека го злоупотребил нејзиното име во корист на сопствената компанија, но се верува дека случајот бил решен вонсудски.