Македонија

Таткото на Вања ја напушти судницата: Од оваа позиција во која се наоѓам како заложник, немам што да додадам!

Таткото на Вања ја напушти судницата: Од оваа позиција во која се наоѓам како заложник, немам што да додадам!

Апелацискиот суд денеска ја разгледува жалбата на Обвинителството со која се бара поништување на ослободителната пресуда за Александар Ѓорчевски, таткото на Вања Ѓорчевска, во случајот поврзан со нејзиното грабнување и убиство.

Обвинителот Дарко Јакимовски пред судот истакна дека според обвинителството постојат докази дека Ѓорчевски имал улога во настаните, наведувајќи ја како клучен аргумент пораката што ја испратил до ќерките со упатства како да се облечат на денот на исчезнувањето.

„Тој ја дал информацијата која не ја знаел никој освен помалата ќерка и сопругата“, изјави Јакимовски.

Тој додаде дека првостепената пресуда не содржи доволна анализа на доказниот материјал и дека судот не ги земал предвид сите околности.

Според обвинителството, Александар Ѓорчевски имал „клучна улога“ во целиот настан, а одлуката за грабнување била донесена во период кога осомничените веќе биле во контакт. Обвинителот наведе дека постојат несогласувања во неговото однесување по исчезнувањето на Вања, како и изјави и постапки кои, според него, укажуваат на поврзаност со случајот.

Адвокатот на Ѓорчевски, Владимир Туфегџиќ, ја отфрли жалбата на Обвинителството и оцени дека првостепената пресуда е правилна, очекувајќи Апелацискиот суд да ја потврди.

Самотo појавување пред судот Ѓорчевски го коментираше кратко:

„Од оваа позиција во која се наоѓам како заложник, немам што да додадам“, по што ја напушти судницата.

Во јуни 2025 година, Кривичниот суд во Скопје ги осуди Љупчо Палевски, Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев на доживотен затвор за грабнување и свирепо убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, додека Александар Ѓорчевски беше ослободен од обвинение.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни