По вчерашното пуштање од притвор на Катица Јанева, реагираа политичките партии. Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ велат дека нема јакна што може да покрие срамот на Кацарска судството и Рускоска обвинителство. Портпаролот, Димче Арсовски, вели дека е очигледно дека тоа што го видовме вчера е организирано сценарио.
Според лидерот на ДУИ, Али Ахмети, тоа е одлука на правните органи, и истата нема да влијае ниту позитивно, ниту негативно на национално или меѓународно ниво.
Реагираше и Алијанса за Албанците. Од партијата на Села, потсетуваат дека има десетици случаи на албански затвореници за политички монтирани случаи, за кои Апелација одби да изрече мерка куќен притвор.
Премиерот Зоран Заев, рече дека по вчерашниот случај, ветингот е неопходен.
Заев меѓутоа додаде дека ветингот не треба да го спроведуваат политичарите, туку експерти, професори и судии.