Свет

Телефонски разговор Бајден – Путин

Претседателите на САД и Русија, Џо Бајден и Владимир Путин денеска телефонски разговарале за кризата околу Украина, а разговорот траел нешто повеќе од еден час, соопшти Белата куќа.

Како што се прецизира, разговорот траел 62 минути, пренесува АП.

Путин сакал телефонскиот разговор да се случи во понеделник, но тој бил закажан за денеска на иницијатива на американската страна, со оглед на тоа дека американските разузнавачки служби имаат информации за, како што тврди Белата куќа, се повеќе знаци дека Русија може да ја нападне Украина наскоро.

Претходно денеска Путин разговараше со францускиот претседател Емануел Макрон, а во петокот Бајден одржа виртуелен разговор со најважните сојузници на НАТО и Европската унија.

Макрон во понеделникот ја посети Москва и се сретна со рускиот претседател Владимир Путин, а нивниот разговор траеше повеќе од пет часа.

Следниот ден, францускиот лидер го посети Киев и разговараше со украинскиот претседател Владимир Зеленски за европската безбедност и украинската криза.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни