Порталот Телеграф.рс денеска објави дека повторно добил мејл во кој непознато лице наведува дека во повеќето студентски домови во Белград се поставени експлозивни направи.
„Ќе продолжиме да ја оштетуваме вашата економија додека не ја направите вистинската работа и не воведете санкции кон Русија. Не можете да не спречите“, се предупредува во мејлот.
Ги миниравме следните домови: Студентски град, Студентски дом „Слободан Пенезиќ“ Студентски дом „Крал Александар Први“, Студентски дом „Патрис Лумумба“, Студентски дом „4 април“, Студентски дом „Карабурма“, Студентски дом „Косутњак“, Студентски дом Студентскиот дом „Рифат Бурџевиќ“, се наведува во мејлот.