Доаѓа крајот на класичниот дуопол во Македонија кога станува збор за мобилните оператори. Ваквата најава од страна на Владата значи граѓаните ќе имаат поголем избор, наместо досегашниот „Телеком“ и „А1“ чии услуги се поскапи споредено со најголем дел од европските земји.
„Би сакал да објавам дека сериозно ја разгледуваме можноста за доделување лиценца за ТРЕТ МОБИЛЕН ОПЕРАТОР. Нашата анализа кажува дека цените за мобилната, како и за кабелската телевизија и интернет услугите се поскапи од најголем дел европски земји. На пазарот постои класичен дуопол. Затоа мора да бараме мерки да ПОЕВТИНАТ услугите. Граѓаните да имаат подобри и поевтини услуги. Затоа потенцијално решение е ТРЕТ МОБИЛЕН ОПЕРАТОР. Во следниот период ќе мотивираме големи имиња од светот на телекомуникациите да се појават на македонскиот пазар“, пишува вицепремиерот Александар Николоски на Фејсбук.
