Тој беше специјализиран за внатрешна политика за работата на хрватската влада и хрватскиот парламент.
Уредникот, репортер и политички коментатор Мислав Баго (49) беше пронајден мртов во четвртокот. Се утврдуваат околностите за смртта на новинарот на Нова ТВ.
„Мислав Баго, повеќекратниот наградуван новинар, репортер, уредник и политички коментатор на Нова ТВ, ненадејно не напушти оставајќи зад себе голема празнина“, објави Нова ТВ.
Кариерата како новинар/истражувач ја започна во ХРТ во редакцијата на ТВ Парламент.
Една година подоцна, тој придонесува и во редакциите на информативните и верските програми. Во исто време го следи партискиот живот и хрватскиот парламент.
Тој е специјализиран за внатрешна политика за работата на хрватската влада и хрватскиот парламент.
Од 1995 година учествува во креирањето на сите изборни емисии и активно ги следи сите процеси поврзани со изборите. Во 2001 година за прв пат е автор на изборниот проект, а потоа продолжува исклучително успешно да работи на сите избори во Република Хрватска.
Мислав беше уредник и на емисијата Отворено од 2006 до 2008 година, а една година подоцна стана уредник и новинар во Нова ТВ.