Телото за помирување: Јавна расправа за уставните амандмани да има и во другите градови

Денеска на седницата на подгрупата за интеграции на интерпартиското тело за помирување, беше договорено да има јавна расправа за уставните нацрт-амандмани и во други градови.

„Се договоривме, покрај во Скопје, МАНУ и другите институции, јавни расправи за нацрт-амандманите да се одржат и во други градови, онаму каде што има универзитетски центри, како Битола, Штип, Тетово, но и во други градови. Нам пратениците ни е битна јавната расправа за да се види како ќе се одвиваат понатамошните активности“, изјави пратеникот Јован Митревски од СДСМ, кој раководи со подгрупата за интеграции.

Јавната расправа би траела пет дена по изгласувањето на уставните-нацрт амандмани. Денеска во Собранието се гласа за два нацрт-амандмани, од кои едниот веќе е изгласан, а сега трае расправата и за вториот.

Извор: ТВ21