Темелно чистење на тепихот без влажнење и чекање за сушење: Моќна домашна смеса со неверојатен ефект! (РЕЦЕПТ)

Има уште два неверојатни начини да се ослободите од сите непријатни мириси кои се насобрале во вашиот тепих

Заменете што е можно повеќе штетни хемикалии за чистење на домаќинствата со природни. Освен што е подобра одлука за вашето здравје и за здравјето на вашето семејство, на тој начин ја заштитувате и животната средина, а ќе ви останат повеќе пари во домашниот буџет.

Да научите како да направите природно средство за чистење теписи е многу едноставно, а се што ви треба е она што најверојатно веќе го имате во куќата.

Состојки: половина литар вода, лажичка течен сапун, 3 лажици бел оцет, 6 лажици сок од лимон, 1 лажица сода бикарбона, неколку капки есенцијално масло од портокал или лимон (можете и без него).

Подготовка: Сите состојки ставете ги во шише со распрскувач, добро протресете да се соедини се, а содата бикарбона ќе се стопи. Нанесете на тепихот, тријте со четка и оставете течноста малку да испари, односно тепихот да се исуши, па добро исчистете со правосмукалка. Освен што ќе исчезнат дамките, тепихот ќе мириса прекрасно со денови по чистењето.

Сода бикарбона го неутрализира непријатниот мирис на теписите

Постои уште еден многу едноставен начин. Посипете сода бикарбона на тепихот, втријте и оставете малку. Конечно вакумирајте. Овој метод е одличен за неутрализирање на непријатните мириси.

Ако сакате да се потрудите малку повеќе, ставете шолја сода бикарбона во кесичка и додадете 10 до 20 капки есенцијално масло. Оставете да отстои еден ден за мирисот да навлезе во сода. Потоа со оваа смеса посипете го тепихот, а потоа испрскајте сè со вода и добро истријте со погруба четка. Оставете да отстои час или два, а потоа вакумирајте.