Температурата падна на -50 степени! Овој град е опколен од снег и мраз, ќе биде и до минус 60!

Зимата календарски уште не започнала, а овој град веќе два месеца е во минус кога станува збор за температурата на воздухот. Се работи за градот Верхојанск, кој се наоѓа на крајниот североисток на Русија.

Температурите од почетокот на ноември веќе паѓаат под -40 степени, а во последните денови секој ден е сè постудено, па минималните температури се спуштиле на скоро -50 степени. Дури и максималните дневни температури се околу -45 степени.

Во наредните денови се очекува уште поекстремно студено време, со температури на почетокот на декември и под -50 степени.

Градовите Верхојанск, Омјакон и Јакутск се најстудените на северната хемисфера за време на зимските месеци, а овој дел од Русија е постуден дури и од поларните предели и од најстудените делови на Гренланд.

Инаку, Верхојанск се наоѓа доста јужно, но таму зимите се најледени во светот, благодарение на силен антициклон и екстремно висок воздушен притисок.

Времето за време на зимските месеци е ледено и речиси без падови на врнежи, а снегот што ќе падне во октомври останува до крајот на април. Иако летата се кратки, тие се пријатни со температури над 25 степени, а понекогаш достигнуваат и до 35 степени. Сепак, дури и за време на летните месеци може да дојде до нагло студење со снег и температурата да падне на 0°C.

Месеците декември, јануари и февруари во континенталниот дел на североистокот на Русија и во овие градови носат просечни температури околу -50 степени, а за време на најстудените денови може да опаднат и под -60 степени.