Свет

Температурите надминаа 45 степени, наскоро ќе достигнат 50: Половина милијарда луѓе се под горештини!

Температурите надминаа 45 степени, наскоро ќе достигнат 50: Половина милијарда луѓе се под горештини!

Јужниот дел на Азија е на удар на горештините, кои се вообичаени во овој дел од годината. Температурите со денови на северозапад од Индија и на југ и југоисточен Пакистан достигнаа 45 степени, а на некои места и до 47 степени. Температури над 40 степени се забележани во северна и централна Индија.

Горештините го зафатија и Њу Делхи, а температурите со денови достигнуваат и до 42°C.

Се проценува дека деновиве најмалку 100 милиони луѓе во Индија и неколку милиони во Пакистан се погодени од температури над 45 степени, а речиси половина милијарда луѓе се погодени од температури над 40 степени во Индија и повеќе од 50 милиони луѓе во Пакистан.

По зимскиот монсун, кој трае од ноември до февруари, кога преовладува суво време со температури од 20 до 30 степени, Јужна Азија и Индија од март до мај се покриени со период на тишина.

Во тој период времето е ведро и топло со ретки врнежи и грмежи. Температурите од ден на ден се зголемуваат и веќе на крајот на април надминуваат 45 степени низ северна и северозападна Индија и јужен Пакистан, а во мај и почетокот на јуни можат да достигнат и надминат 50 степени.

Веќе на крајот на мај и почетокот на јуни, летниот монсун од Индискиот Океан ги опфаќа јужниот и западниот дел на Индија, а до почетокот на јули го опфаќа северниот дел на Индија, а до крајот на јули и почетокот на август, најсушните пустински области на северозапад од Индија и на југ и југозапад од Пакистан.

Температурите паѓаат на 30-35 степени, а до септември врне непрекинато, со незамисливо чувство на влажност, поради влажноста на воздухот над 90%. Стотици литри дожд може да наврнат во еден ден на некои локации, заедно со разорни поплави и порои. Од јуни до септември, до 90 проценти од годишните врнежи паѓаат во Индија.

Во октомври започнува период на тишина, кој трае до крајот на ноември.

Периодот од декември до февруари е често студен, со магла и смог.

Инаку, горештините во Индија ќе продолжат и во наредниот период.

А во наредните недели температурите ќе одат над 45 степени и полека ќе се приближуваат до 50 степени.

Истовремено, јужните делови на Индија ќе ги зафатат обилни врнежи од грмежи, со значително пониски температури кои ќе се движат околу 30 степени, но чувството на влажност поради многу високата влажност ќе биде многу изразено.

Во наредниот период локална појава на грмежи може да има и на северот од Индија.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни