Крвава пресметка се случила денеска во автобус во Сарај со број 56. Според информациите, четири деца учествувале во тепачката, и три од нив завршиле во болница, а едното е со тешки повреди, нанесени со остар предмет.
„На 12.09.2019 околу 13.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека бил нарушен јавниот ред и мир во автобус бр.56, при што со повреди од остар предмет се здобил малолетник, по што бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Со повреди се здобиле и уште две други малолетни лица кои се пренесени во Градската општа болница „8-ми Септември“. Полициски службеници од СВР Скопје излегоа на увид и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот“, велат од МВР.
Полицијата го истражува случајот, односно мотивот поради кој дошол до оваа пресметка.