Утрово во 03 часот, на улицата „Партизанска“ во Охрид нарушен е јавниот ред и мир со тепачка помеѓу Д.А(26) од Охрид и Д.И.(26) од охридското село Горно Лакочереј.
Во обид да преземе законски мерки за спречување на нарушувањето, интервенирал униформиран полициски службеник од полициската станица Охрид, но притоа, бил физички нападнат од Д.И. Истиот е приведен и по консултација со Јавен обвинител е лишен од слобода.
