Тереза ​​Палмер дои веќе осум години по ред – започнала во 2014 година

Познатата актерка Тереза ​​Палмер е бремена со своето четврто дете.

Таа неодамна на својот Инстаграм профил откри дека своите малечки деца ги дои веќе осум години по ред. Таа го роди своето прво дете во 2014 година…

„Денес е 2.728-миот ден од доењето. Почнав на 17 февруари 2014, кога го родив мојот прв син. Го доев додека бев бремена со другиот син, а потоа ги доев наизменично една година. Продолжив да го дојам мојот втор син и во третата бременост, а потоа ги доев и него и ќерка ми. За време на оваа бременост, јас сѐ уште го дојам третото дете и наскоро, по третпат ќе дојам две“, порача таа.

Тереза вели колку тоа понекогаш и е многу тешко, односно дека е веќе уморна и си го сака телото за неа.

„Другпат чувствувам длабока благодарност за тоа искуство… На жените не треба да им се суди затоа што ги хранат своите деца. Пред две години, маж и жена ме нападнаа затоа што ја доев мојата шестнеделна ќерка на клупа во парк. Тоа ми се случи првпат откако станав мајка, па многу ме потресе. Се надевам дека жените кои ја имаат таа можност, ќе можат да го сторат тоа без страв од осуда. Тешко ми е да поверувам дека дебатата за ова сѐ уште трае“, додава Палмер.