Како што падна ноќта, главниот град на Украина повторно беше под ракетен оган . Ова го објавија дописниците на Гардијан.
Сведоците известуваат за најмалку пет удари во различни делови на градот.
Ројтерс цитираше очевидци дека Киев бил бомбардиран со артилериски гранати. Имаше интензивни пукотници во западен Киев.
Градоначалникот на главниот град Виталиј Кличко на Твитер напиша дека пет експлозии за три до пет минути се слушнале во близина на електрана во северниот дел на градот.
5 вибухів сталися з інтервалом в 3-5 хвилин біля ТЕЦ-6. Аварійно-рятувальні служби слідують туди. З’ясовуємо деталі.
— Віталій Кличко (@Vitaliy_Klychko) February 25, 2022
Неколку минути подоцна, Виталиј Кличко појасни дека руската армија ја уништила термоцентралата во Киев. Ова е знак дека руската армија веќе ја погодува критичната цивилна инфраструктура на главниот град, напиша градоначалникот.
„Итната медицинска помош и противпожарните бригади се на местото на настанот“, рече Кличко по петте експлозии. „Ситуацијата сега – без претерување – е закана за Киев. Ноќта ќе биде многу тешка “, рече Виталиј Кличко, цитиран од Телеграф.