Македонија

Тешка сообраќајка кај Неготино – ова се деталите

На 18.09.2021 во 16.20 часот на регионалниот пат Р1-103, во правец од с.Марена кон Неготино, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел зафира“, со бугарски национални ознаки, управувано од С.Н.(32) од с.Дреново, кавадаречко и товарно возило „ман“, со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од А.Л.(27) од Неготино.

Во несреќата С.Н. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во медицинска установа.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Неготино.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни