Тешка сообраќајка на патот Битола-Ресен, едно лице загина – неколку повредени

Тешка сообраќајна несреќа се случила попладнево на регионалниот пат Битола-Ресен, кај месноста Макази, при што загина 52-годишен маж од Битола, а неколку лица се повредени.

Несреќата се случила при судир на две патнички возила – едното со странски, а другото со охридски регистарски таблички. Од силата на ударот едно од возилата се запалило.

На местото на настанот е во тек увид, а патот е затворен за сообраќај од 13:20 часот.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.