AlbanianBulgarianEnglishGreekMacedonianSerbianTurkish

Тешка сообраќајна несреќа на патот Охрид-Кичево

Три лица се потешко повредени во сообраќајна несреќа на патот Охрид-Кичево кај спојката со локалниот пат за село Годивје-Дебрца.

Во несреќатаучествувале патничко возило „форд ескорд“, со кичевски регистарски ознаки, управувано од Г.К.(48) од Кичево и патничко возило „опел мерива“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.С.(62) од Скопје.

Со тешки телесни повреди се здобил возачот Б.С., а со телесни повреди се здобиле две сопатнички од истото возило, Б.С.(22) и Б.С.(52), двете од Скопје, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.