Семејна сообраќајна трагедија во струмичко. Рано утринава во 4 часот и 30 минути во сообраќајна несреќа на излезот од Струмица кон село Дабиле, загина 15-годишно девојче од село Радово, повредена е нејзината пет години постара сестра, како и возачот и уште две лица. Возилото Фолксфаген кеди“ со струмички таблици, со кое управувал 21-годишен возач, излетало од патот.
„Се има случено сообраќајна несреќа, во кое излетува патничко моторно возило Фолксфаген кеди со струмички регистарски таблички, управувано од 21-годишниот Ф.С од село Радово струмичко. Во возилото имало четири сопатници, од кои едно лице починало на лице место, а другите се префрлени во медицинскиот центар во Струмица и се со телесни повреди“, изјави Марјан Димчев, заменик командир при СВР Струмица.
Повредените лица со возило на Итна помош биле пренесени во струмичката општа болница. Поради сериозноста на повредите, едно лице е префрлено на Клиниката во Скопје, ни потврдија од струмичкат болница.
И на почетокто на декември 37 годишен жител на Еднокуќево го изгуби животот кога неговото возило излетало од патот и се превртило на овој магистрален пат. Од СВР Струмица, особено во летниот период, спроведуваа превентивни акции со апел до возачите да ги почитуваат правилата за поголема безбедност во сообраќајот.
РЕПОРТЕР: КАТЕРИНА ДАФЧЕВА
