Македонија

Тешка сообраќајна несреќа – загина 25 годишен скопјанец

Како што информира МВР, на обиколница на град Скопје, после клучка Мирковци, 25-годишниот Д.З. од Скопје, управувајќи мотоцикл „априлија“, со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од коловозот.

По незгодата Д.З. бил пренесен во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“, каде им подлегнал на повредите.

Извршен е увид на местото на незгодата, а по наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција. 

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни