Македонија

Тешко повредени две лица откако со своето возило излетале од коловозот

На 26.06.2021 во 02.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Васил Ѓоргов“ и ул.„Франклин Рузвелт“, С.Р.(25) од с.Инџиково, скопско, управувајќи патничко возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, излетал од коловозот.

Во незгодата возачот и сопатничката С.Ѓ.(24) од Скопје се здобиле со тешки телесни повреди, констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје. 

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни