Тешко повредено 11-годишно девојче во Скопје: Возачот избегал!

Единаесетгодишно девојче од Скопје е тешко повредено откако било удрено од патничко возило на крстосница во градот, а возачот по несреќата го напуштил местото на настанот, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Случајот бил пријавен на 16 март во 16:10 часот, откако од Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ било соопштено дека кај нив е донесено девојчето со тешки телесни повреди.

Несреќата се случила околу 13:20 часот на крстосницата меѓу улиците „Васил Ѓоргов“ и сервисната улица што води кон „Народен Фронт“. Патничкото возило го удрило девојчето и веднаш избегало од местото на несреќата.

На местото бил извршен увид од екипа на СВР Скопје, а полицијата презема мерки за пронаоѓање на возачот и целосно расчистување на случајот.