Тест за Првата Светска Војна: Им го дале на Британците, но појма немале – а како вие стоите со историја?

Новото истражување на базата на податоци за семејна историја Ancestry.co.uk го откри зачудувачкото незнаење на Британците кога станува збор за Првата светска војна!

Ова се некои од прашањата поставени на примерок од 2.000 возрасни испитаници. Дури четвртина од испитаниците погрешно одговориле на половина (или повеќе) од прашањата.

Дали мислите дека можете подобро од Британците? Пробајте!

1. Како се вика Првата светска војна?

А) Големата војна

Б) Рововска војна

В) Тотална војна

2. Кога започнала Првата светска војна?

А) 1912 година.

Б) 1914 година.

В) 1918 година.

3. Кој беше убиен во атентатот во Сараево, настан кој ја поттикна Првата светска војна?

А) Алберт I

Б) Николај II

В) Франц Фердинанд

Г) Леополд II

4. Кој беше британскиот премиер кој ја водеше земјата до победа во Првата светска војна?

А) Винстон Черчил

Б) Ендру Бонар Лу

В) Дејвид Лојд Џорџ

Г) Невил Чембрлен

5. Која од наведените земји била единствениот британски сојузник на почетокот на Првата светска војна?

А) Грција

Б) Германија

В) Австро-Унгарија

Г) Франција

А во продолжение ви ги носиме и точните одговори:

1. Големата војна

2. 1914 година.

3. Франц Фердинанд

4. Дејвид Лојд Џорџ

5. Франција