Тетовчанец баран од полицијата уапсен на скопскиот аеродром

На 16.12.2018 година во 13,00 часот на Граничниот премин “Меѓународен Аеродром Скопје“, на  излез од Р.Македонија, по извршена пасошка контрола и проверка во оперативна евиденција констатирано било дека Ш.А.(30) од село Копачин Дол, тетовско евидира со мерка „апси“ по барање од Основен Суд Тетово.

Лицето било приведено и предадено на полициски службеници од СВР  Скопје,  за спровод до КПУ-Затвор Тетово.

Се вчитува...

Извор: ТВ21