Кризниот штаб на Општина Тетово бара он лајн настава, додека не се стабилизира состојбата со Ковид- 19. Физичкото присутво само ќе ја прошири болеста, која според нивните информации ја има и кај децата. Заразата во регионот и натаму не се смирува.
Од вработени во образованието во тетовскиот регион ќе се бара потврда за вакцинација или ПЦР тест, а ќе се зголеми и динамиката на имунизацијата како единствен спас од заразата.