Теута Арифи се надева на Рафис Алити – командант Мсуси за да го добие Тетово

Една необична глетка можеше да се види вчера на митингот на ДУИ за промоција на кандидатката Теута Арифи за трет мандат во Тетово. Во првиот ред, и тоа веднаш до Теута Арифи беше седнат Рафис Алити, попознат како командант Мсуси.


Фотографијата е чудна од причина што Рафис Алити веќе извесно време е надвор од политиката и далеку од очите на јавноста, делумно поради неговите познати конфликти со високи експоненти на ДУИ како Блерим Беџети, но најмногу поради неговиот токсичен бренд откако изгоре Македонска Пошта во време на неговото директорување.


Уште поизненадувачка е симболиката на неговото позиционирање веднаш на десната страна на Теута Арифи, со што градоначалничката Арифи праќа сигнал дека го смета него како важен фактор за победа во Тетово. Дали тоа значи напуштање на граѓанско-интелектуалниот слој од страна на Теута Арифи и нејзино преориентирање кон старото командантско крило на ДУИ, останува да се види во текот на изборите. /IN7