Министерот за финансии Драган Тевдовски за ТВ21 вели дека нема простор за грижа. Во 2019-та нема да има покачување на цените на производите и услугите. Ниту прогресивниот данок нема да предизвика покачување на цeните, ниту ќе се намали животниот станадард.
„Нашата проекција смета дека инфлацијата ќе биде ниска, тоа е работа не на Министерството за финанасии, туку на НБРМ , но сите параментри укажуваат на тоа дека ќе имаме ниска инфлација“, вели Драган Тевдовски – Министер за финансии.
Бизнисменот Горан Рафајловски вели дека цените не зависат од Р. Македонија, туку од надворешни фактори.
„Цените ќе зависат од многу берзански производи, од стабилноста на нафтата на светскиот пазар, од стабилноста на цената на електричната енергија на светскиот пазар бидејќи сме увозници, цените ќе зависат од стабилноста на цените во Европа“, вели Горан Рафајловски – бизнисмен.
Рафајловски објаснува дека со малкуте извозни продукти нашата земја не може да направи баланс со големиот број производи што ги увезуваме, а со тоа не може да влијае ниту на цената, за да знаеме дали ќе има или не покачување.
РЕПОРТЕРКА: АЛЕКСАНДРА ВЕЛИНОВА
