Свет

Тежок удар за Пекинг: Претседател на Тајван стана човек кој Кина не сакаше да го види на тоа место

Тежок удар за Пекинг: Претседател на Тајван стана човек кој Кина не сакаше да го види на тоа место

Кандидатот на владејачката Демократска напредна партија (ДПП), Лаи Чинг-те, победи на претседателските избори во Тајван, според речиси конечните резултати. Со преброени гласови на 95 отсто од избирачките места, Лаи има неспорно водство.

Според Sky News, Чинг-те треба да го замени Цаи Инг-вен, кој беше претседател во два мандата.

Хоу Ју-их од опозициската партија Куоминтанг, која се залага за поблиски врски со Кина, го призна поразот на изборите и му честиташе на Лаи.

ДПП не го признава „принципот на една Кина“ во кој териториите како Тајван и Хонг Конг се сметаат за дел од Кина, но се залага за одржување на статус кво, во кое Тајван е самоуправен.

Тој, исто така, рече дека е посветен на одржување на мирот преку Тајванскиот теснец и зајакнување на одбраната на островот.

Пред изборите, Кина постојано го осудува Лаи како опасен сепаратист и ги отфрла неговите покани за разговори.

Лаи во минатото даваше експлицитни декларации за независност, поради што Кина секогаш го сметаше за проблематичен.

Ноќно студио

Најнова епизода

Дали системот реагира навреме? Ноќно студио со обвинителката Спасенка Андонова

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни