Брачниот пар Луна Џогани и Марко Миљковиќ неодамна рекоа дека ќе го тужат секој што ќе објави слика од нивната ќерка без дозвола, откако и двајцата покажаа како таа изгледа на социјалните мрежи, а тоа го коментираше и Кија Коцкар.
Кија и Луна се поранешни ривали, а Кија ниту во овој случај не се согласува со Џогани, па затоа посочи дека „она што сакаме да го скриеме, нема да го објавиме на Интернет“.
Сега Марко ја прекори Кија преку Инстаграм за нејзиниот коментар.
„Кога ти ќе се породиш, ќе одлучуваш! Дотогаш, секој што ќе објави слика без наше одобрување ќе биде тужен, без разлика дали текстот е убав или, не дај Боже, грд, дури и ти”, напиша Марко на својот Инстаграм.

