„Ти почина без да умреш, а ние умревме без да починеме“ – Maкедонија се сеќава на Тоше Проески

Македонија се сеќава на музичката ленегда, Тоше Проески кој загина пред 15 години во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка, Хрватска.

Во неговото родно Крушево и годинава се одржа „маратон на љубовта“ во чест на балканската музичка ѕвезда. Петмина ултрамаратонци пред два дена го започнаа симболичното истрчување на 15 километри од Нова Градицшка, од местото на трагедијата.

Неговите колеги се сеќаваат низ пораки што ги упатија ја социјалните мрежи.

Тоше Проески животот го загуби на 26 годишна возраст. Во текот на кариерата остави голем број хитови.