AlbanianBulgarianEnglishGreekMacedonianSerbianTurkish

Тие беа најмоќната американска двојка, а потоа следеше развод: Еве со кого тајно се гледа модната икона Ана Винтур

Една од највлијателните жени од светот на модата, Ана Винтур, неодамна беше фотографирана на вечера со познатиот актер Били Нај, а парот изгледаше многу весело во ресторанот „Пјерлуиџи“, пренесува Дејли Меил.

Актерот и подари роза истата вечер, а овој потег го изненади уредникот на престижниот магазин „Вог“.

Според странските медиуми, долгогодишните познаници и пријатели станале многу блиски по разводот на Ана. Овој брак траеше 16 години, и на прв поглед нивната врска беше идилична.

Но, таа замисла беше далеку од вистината бидејќи нивната турбулентна врска започна во 2013 година, откако Шелби Брајан беше обвинет дека должи 1,2 милиони фунти на државата за затајување данок.

Друга гласина во 2015 година која ја заинтересира јавноста, е таа дека сопругот на Ана се вратил кај поранешната љубов Кетрин Брајан.

Двојката не успеа да ги реши различните гледишта за иднината, па разводот следеше кон крајот на минатата година.

Винтур сега живее со полни бели дробови, а почитувачите на нејзиниот лик и дело би биле среќни доколку таа конечно ја пронајде љубовта на нејзиниот живот.