„Тивки херои“, вака последниве денови на социјалните мрежи ги нарекуваа работниците на Градската чистота бидејќи спасуваа луѓе од поплавените автомобили за време на невремето во Србија.
Работниот ден го започнаа во шест часот наутро и откако го исчистија „првиот круг“ тргнаа да ја наполнат цистерната и се вратија на улиците да продолжат со чистењето.
Работникот на градската чистота Владимир Марковиќ забележал постара жена како се обидува да излезе од нејзиниот поплавен автомобил. Тој без размислување пришол на помош и ја однел на улица, каде што немало толку многу вода.
„Видов автомобил во вода и видов една старица внатре, со колешката застанавме, пријдов, ја извлеков жената, таа беше под стрес, немаше време да се заблагодари од шокот. – изјави Владимир за ТВ Прва.
На помош на жената без размислување и пришол и Сабухан Красниќ. Таа се давела во порој од вода, тој и помогнал да излезе од водата.
„Ја прашав дали е добро, а таа плачејќи ми рече дека станот и е поплавен. Сакав да помогнам, но за жал не можев, беше страшно, таа немаше пумпа и морав да продолжам“, рече Сабухан.
Денис Брахими е третиот херој кој на грб носел жена преку пешачкиот премин. „Нема многу размислување, само реков да ти помогнам, таа рече дека може“.
Сите тројца нагласуваат дека повторно би дошле на помош, без оглед на ситуацијата.
