Балкан

Тинејџерка синоќа одела по ѕид во Загреб, паднала од речиси шест метри височина

Тинејџерка синоќа одела по ѕид во Загреб, паднала од речиси шест метри височина

Синоќа околу 23:55 часот на Савска цеста, 19-годишна девојка паднала од ѕид висок речиси шест метри.

Падот најверојатно дошол кога девојката се лизнала додека одела по ѕидот, извести загрепската полиција.

На 19-годишната и била укажана лекарска помош во Клиничкиот болнички центар на сестрите на милосрдието, каде било констатирано дека е тешко повредена.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни