Магазин

Тинејџерка тргнува на патување – 51.000 километри околу светот

Младата Зара Радерфорд тргнува на патување од 51.000 километри околу светот со својот ултра-лесен авион „Шарк“, или познат како најбрзиот микро-авион во светот.

Авантурата на тинејџерката започнува на 11 август.

Доколку овој потфат успее, таа ќе биде најмладата личност која со мало воздушно летало го обиколила светот, а ќе стане и најмладата жена која го сторила токму ова.

Моментално светскиот рекорд го држи Шајста Вајз која го завршила своето патување на 30-годишна возраст.

Радерфорд се надева дека на овој начин ќе им го отвори патот на девојчињата и жените во областа т.н. СТЕМ (наука, технологија, инженерство и математика) и ќе ги инспирира другите да ги следат нејзините стапки.

„Сакав да летам низ светот, нека ме видат девојките и да си помислат – „би сакала и јас да летам еден ден“… Во авијацијата, постои разлика меѓу мажите и жените. Значи, мојата цел е да се доближам до рекордите, а потоа се надевам дека другите девојки ќе се обидат да го надминат мојот рекорд и ќе почнат да се натпреваруваат со момчињата!“, порача таа.

Родителите на Зара, Беатрис де Смет и Сем Радерфорд, и двајцата се пилоти. Но, мајка ѝ имала „измешани чувства“ кога ќерка ѝ ѝ ги соопштила своите намери.

„Ми требаше време „да го сварам“ тоа… Но, сега сум многу горда и целосно ја поддржувам“, вели Де Смет.

Тинејџерката ќе го финансира патувањето сама и со помош на спонзор, па се надева дека ќе го заврши патувањето за околу два до три месеци. 

Ноќно студио

Најнова епизода

Дали системот реагира навреме? Ноќно студио со обвинителката Спасенка Андонова

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни