Во понеделник ќе се одржи судско рочиште за предметот ТНТ, а адвокатите Даути и Страшевски и денеска излегоа со отворени писма до Судскиот совет и Кривичен суд. Адвокатот Страшевски вели дека Кривичен суд на чело со претседателот Иван Џолев без законска основа назначиле адвокат по службена должност за обвинетиот Тони Трајковски за рочиштето на 13 јануари. Оваа постапка на Кривичен следи откако пред неколку дена адвокатот Страшевски го известил судот дека од 8 јануари е на годишен одмор.
За адвокатот Мерџан Даути целата оваа прашина се крева бидејќи некој има посебен интерес ТНТ да заврши што побрзо.
Од друга страна адвокатот Еленко Миланов вели дека предметот ТНТ не е во опасност да застари.
Во меѓувреме СДСМ за застарување на предметите до Собрание достави предлог за измена и дополна на Кривичниот законик со што се стреми кривичните дела на политичарите и високите функционери да не застаруваат лесно. Александар Кирацовски рече дека овој предлог следува по избегнувањето на одговорност на Груевски за случајот Траекторија. Предлозите за измената на Кривичниот законик, ги поддржа и опозициската ВМРО-ДПМНЕ кои најавија и свои предлози.